Има само еден пораз во Серија А, а му се заканува отказ!
Аталанта беше последниот тим кој доживеа пораз во Серија А оваа сезона, но бодовно котираат лошо бидејќи од 10. одиграни натпревари дури седум им се реми, имаат само две победи.
По десет кола тимот од Бергамо е на 11. место на табелата во Серија А, па раководството размислува за тренерска смена.
Според италијанските медиуми, наредните два меча ќе бидат клучни за иднината на Јуриќ, а тоа е гостувањето кај Марсеј во Лигата на шампионите и домашниот меч против Сасуоло во Серија А. Доколку резултатите не бидат позитивни, Јуриќ ќе добие отказ.
Се шпекулира дека Рафаеле Падалино би бил нов тренер на Аталанта.