Елмас е стартер во ЛШ - првпат оваа сезона!
Конте го испофали Елмас за неговиот настап во Серија А во минатото коло, а денеска македонскиот фудбалер добива шанса од првата минута против Ајнтрахт.
За Елмас ова ќе биде прв настап како стартер во Лигата на шампионите откако се врати во Наполи.
Во претходните три дуели беше на клупата, а во два од нив влезе во финишот од натпреварите.
Стартната позиција на Елмас се должи и на повредите на Де Брујне и Гилмур, сега на нашиот фудбалер е да ја искористи шансата и да го убеди Конте дека заслужува повеќе минути да минува на теренот.
