Стигна потврда од Роналдо, можел да поптише со голем ривал на Јунајтед во Премиер лигата!

Кристијано Роналдо имаше ново интервју со Пирс Морган, а во него откри и еден детал од минатото кој е малку познат.

Португалецот рече дека во минатото бил блиску до потпис со Арсенал, иако не прецизираше за кој период се работи.

„Точно е. Бев блиску до Арсенал пред многу години, но тоа е минато“, откри Роналдо.

„Искрено, кога го гледам Арсенал, никогаш не сум ги гледал нив како ривал, туку како тим кој ми се допаѓал. Отсекогаш ми се допаѓале“.