Делегација на Реал му оддаде почит на Диого Жота (ВИДЕО)
Делегацијата беше предводена од тренерот Чаби Алонсо и англискиот репрезентативец Трент Александер Арнолд, двајцата поранешни фудбалери на Ливерпул, потоа директорот Емилио Бутрагењо и дефанзивецот Дин Хујсен.
„Пријателе мој, Диого. Многу ни недостасуваш, но се уште многу те сакаме. Споменот за тебе и Андре ќе живее вечно“, пишуваше, меѓу другото, во емотивната порака од Александер Арнолд.
Диого Жота го загуби животот на почетокот на јули во сообраќајна несреќа во родната Португалија, заедно со брат му Андре.