Британец остана без настап на ЛОИ 2028 зашто објавил како има секс во авион!

Британскиот олимписки кануист, Курт Адамс Розенталс, е суспендиран на две години од сите натпреварувања и тренинзи, поради објава на експлицитна видео-снимка на социјалните мрежи.

Тој во март својот Инстаграм профил сподели видео во кое, според дисциплинската комисија, изведува „сексуален чин во авион“. Видеото предизвика бурни реакции во јавноста и доведе до строга санкција. Поради тоа, 23-годишниот спортист е избркан од елитната програма за поддршка на најдобрите британски атлети и остана без годишна стипендија од 18.000 евра. Во образложението на казната стои дека неговото однесување било „непристојно, навредливо и неморално“, со што го „довело спортот во сериозен срам“.

Розентал по објавувањето на одлуката изјави дека не се кае за своите постапки.

„До забраната никогаш немаше да дојде доколку спортските федерации правилно ги финансираа своите спортисти. Видеото можеби е лудо, но не е нелегално и не треба да биде причина за казна“, изјави тој.

Розенталс откри дека во истиот период преку платформата „Онлифанс“ заработил повеќе од 100.000 евра, со што сам ги покривал трошоците за тренинг и живот додека се обидувал да обезбеди настап на Олимписките игри.