Комити и покрај лошиот термин ќе го бодрат Вардар во Битола!
Собирот на Комити ќе биде пред СЦ „Јане Сандански“ во 12.30 часот, по што тргнуваат кон Битола во 13.45 часот со цел да му дадат поддршка на омилениот клуб во дербито.
„Не можеме да го смениме терминот, затоа баталете празни муабети, баш дека е среда нека грми - нека се памети! За победа на терен и лекција на трибините! Одиме во Битола, за клубот и групата“, порачаа Комити.
Вардар славеше во првиот меч оваа сезона против Пелистер со убедливи 4-1, а во моментов „црвено-црните“ исто така се лидери во шампионатот, додека битолчани се наоѓаат во резултатска криза.