Хаос во БиХ: Навивачи тргнаа да ги тепаат судиите поради пенал во 93. минута (ВИДЕО)
Гостинскиот тим поведе уште во 15. минута, а домашните успеаја да израмнат во 86. минута. Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, судијата во третата минута од судиското продолжение досуди пенал за гостите, кои од белата точка дојдоа до победа.
По таа одлука настапи хаос – дел од навивачите на домашниот тим втрчаа на теренот и тргнаа кон судиите, кои се обидоа да побегнат за да избегнат физичка пресметка. Сепак, видеата од инцидентот покажуваат дека делителите на правдата добиле по неколку удари.