Американски кошаркар нападна навивач во Унгарија, па доби отказ! (ВИДЕО)
Хелемс има 26 години и го носеше дресот на унгарски ЗТЕ, но по поразот од Комета-Капосвар (83-90) тој ги загуби нервите и нападна навивач.
По критиките од навивачите, Џерикол збесна и удри еден од навивачите, по што мораше да реагира и обезбедувањето.
Хаосот на паркетот не му донесе ништо добро на Американецот, кој по скандалот доби отказ од ЗТЕ.