Мбапе израмни рекорд на Роналдо, на следниот меч може да го собори

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе го израмни рекордот на Кристијано Роналдо поставен додека играше за Реал Мадрид.

Французинот постигна два гола на натпреварот против Валенсија, што беше негов осми натпревар по ред во кој успеа да постигне гол. Со тоа, тој го израмни учинокот на Португалецот, само што Роналдо постигна 19 гола во тие осум натпревари по ред, додека Мбапе стигна до бројката од десет.

Нов рекорд, Мбапе би можел да постави ако постигне гол против Рајо Ваљекано идниот викенд. Светскиот шампион од 2018 година одигра 73 натпревари откако пристигна во шпанската престолнина, со ефект од 62 гола и седум асистенции.