Бурна ноќ во Белград: Брутално уапсен поранешен српски репрезентативец (ВИДЕО)
Српското Министерство за внатрешни работи објави нешто по 02:00 часот дека привело 37 лица кои, како што е наведено, учествувале во нарушувањето на јавниот ред и мир и предизвикале инциденти пред Собранието.
Владимир Штимац пристигна пред Собранието во текот на денот за да ѝ понуди поддршка на Дијана Хрка, мајка на едно од 16. загинати лица во ланската трагедија во Нови Сад, која започна штрајк со глад и сакаше да го продолжи пред Собранието. Прорежимските таблоиди објавуваат дека тој бил уапсен по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград бидејќи цел ден поттикнувал насилство пред Собранието.
Од видеото може да се забележи дека десетина полицајци во цивил мораа да реагираат за да го легнат габаритниот Штимац на земја и потоа да му стават лисици на рацете. Ова е кулминација на притисокот што српската власт го врши против неистомислениците. Штимац повеќе од една година води борба против хегемонијата што ја спроведува Вучиќ, а неколку пати лично од претседателот на Србија беше навредуван со секакви погрдни зборови.
Штимац беше репрезентативец на Србија околу една деценија и во тој период освои три сребрени медали, по една на Олимпсиките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, Светското првенство во Шпанија во 2014 и Европското во 2017. Во младинските категории има две титули, по една со У20 и У18 селекциите на Србија.