Ѓоковиќ во Атина ќе тргне против ривал кој никогаш не го победил!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во второто коло од турнирот во Атина ќе се соочи против Чилеанецот Алехандро Табило против кој досега нема победа во кариерата.

Табило по голема борба го совлада Адам Волтон и си закажа дуел против Ѓоковиќ, со кој досега играше два пати и успеа да го победи, па Србинот ќе има тешка задача да му се реваншира за поразите.

Ѓоковиќ и Табило последен пат се соочија годинава во Монте Карло кога славеше Чилеанецот со 6-3 и 6-4, а претходно играа на мастерсот во Рим кога Табило победи со 6-2 и 6-3.