Мењан му одбрани пенал на Дибала, Павловиќ ѝ пресуди на Рома (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан триумфираа во дербито против Рома со 1-0 во 10. коло од италијанската Серија А.

„Росонерите“ до гол за водство стигнаа во 39. минута кога Страхиња Павловиќ го матира голманот на гостите по асистенцијата на Рафаел Леао.

Милан набрзо можеше и до втор гол против „Волчицата“, но Фофана не искористи одлична шанса и ја испрати топката покрај голот на гостите.

Рома се закани неколку пати во вториот дел, а најсериозната шанса за израмнување ја доби во 82. минута кога ѝ беше досуден пенал.

Пауло Дибала ја презема одговорноста од белата точка, меѓутоа Мајк Мењан беше одличен и му го одбрани ударот за да донесе радост на „росонерите“.

Милан се наоѓа на делба на втората позиција, односно има 21 бод колку што имаат Интер и Рома.

Болоња претходно славеше против Парма со 3-1 на мечот кој се играше од 18 часот.

Фото: EPA