Елче беше лесен залак: Барселона стигна до осма победа во Ла Лига (ВИДЕО)

Шпанскиот шампион Барселона ја запиша осмата победа во Ла Лига, откако вечерва славеше со 3-1 против Елче во 11. коло од домашниот шампионат.

Ламин Јамал и Феран Торес во рок од неколку минути донесоа водство од 2-0 на Барселона, по што Мир во завршницата на првото полувреме намали на 1-2.

По 15 минути игра во вториот дел Рашфорд го постигна третиот гол за домашниот состав, по што Елче не успеа да направи ништо посериозно до последниот судиски свиреж.

Барселона е втора во Ла Лига со 25 бодови, односно пет помалку од лидерот Реал Мадрид.