Ланс се проби во топ-4, нов кикс на Лион (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ланс остварија убедлива победа од 3-0 против Лориен, додека Лион ремизира на гостувањето кај Брест (0-0) во 11. коло од француската Лига 1.

Едуард донесе предност за Ланс во шестата минута, а Лориен пропушти шанса за израмнување во 64. минута кога Бамба промаши пенали. Ланс постигна уште два гола до крајот на дуелот, и тоа преку Саид и Баиду за конечни 3-0.

Лион пристигна со надеж дека ќе освои три бодови на гостувањето кај Брест, но уште во седмата минута остана со играч помалку поради црвениот картон на Хатебоер по што мораше да се задоволи со реми.

Останати резултати:

Лил – Анже 1-0
Нант – Мец 0-2
Тулуз – Ле Авр 0-0

Фото: Racing club de Lens