Маџари со кош на една секунда пред крајот го расплака Тиквеш (ФОТО)
Во првата четвртина двете екипи не беа премногу ефикасни во нападот, односно Маџари стигна до 16-15, по што продолжи неизвесната игра во вторите 10 минути од средбата, по кои домаќинот со предност од 40-37 замина на полувреме.
Маџари имаше одличен старт на вториот дел и водство од +10 (60-50), но Тиквеш влезе во серија од 10-0 и ја анулира негативата зад ривалот. Во последните 10 минути следеше големо возбудување, а скопскиот тим стигна до победата со кош на една секунда пред крајот.
Најефикасен во победничкиот тим беше Ивица Димчевски со 16 поени, додека Стефан Глигоријевиќ запиша 22 поени за Тиквеш.





