Хофенхајм го шокира Волфсбург за трет триумф по ред во Бундес лигата
Амура донесе предност за Волфсбург во 14. минута од средбата, а Хофенхајм до крајот на првиот дел израмни на 1-1 преку Бургер.
Промел го сврте мечот целосно откако погоди во 50. минута за 2-1 за Хофенхајм, но набрзо Амура стрелаше за да ја анулира негативата на Волфсбург (2-2).
Победата за Хофенхајм ја обезбеди Бургер, кој по еден час игра ја затресе мрежата на домаќинот за 3-2.
Хофенхајм со третата победа по ред скокна до шестата позиција и има 16 бодови, додека Волфсбург е на 12. место со осум поени.
Фото: TSG Hoffenheim