Петровиќ ќе има кошмари поради Халанд: Манчестер сити го нокаутира Борнмут (ВИДЕО)

Манчестер сити славеше со 3-1 против Борнмут во 10. коло од Премиерлигата, а одличен натпревар одигра Ерлинг Халанд.

Халанд го матира српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ во 17. минута за водство од 1-0 на „граѓаните“, но Борнмут го возврати ударот преку Адамс (1-1) во 25. минута.

Норвежанецот набрзо постигна и втор погодок за предност од 2-1 на домаќинот, додека О’Рајли во вториот дел ги постави конечните 3-1.

„Граѓаните“ со оваа победа скокнаа до втората позиција и имаа 19 бодови, односно шест помалку од лидерот Арсенал.

Фото: Manchester City