Левандовски е минато: Барселона за неговата замена ќе плати 65 милиони евра

Шпанскиот шампион Барселона има намера да купи нов напаѓач следното лето, кој треба да го замени полскиот голгетер Роберт Левандовски.

Левандовски има договор со Барселона до крајот на сезоната и најверојатно нема да биде продолжен, зашто каталонскиот гигант планира да плати 65 милиони евра за Хари Кејн.

Кејн наводно во договорот со Баерн Минхен за следното лето има откупна клаузула од 65 милиони евра, а Барселона планира да ја активира.

Англичанецот оваа сезона игра одлично, односно на 20 настапи постигна дури 25 голови за баварскиот гигант.