Црвена звезда го најде наследникот на Милојевиќ!?
Се верува дека тренерската смена ќе се случи во јануари, а според српските медиуми паднал договор со наследникот на Милојевиќ.
Се работи за шпанскиот стратег Албер Риера со кој челниците на Звезда имале успешни преговори.
Тие му понудиле богат договор, но поважно за него било што од клубот му ветиле дека нема да му се мешаат во работата, тој ќе има комплетна контрола над тимот, но и важна улога во трансферите.
Наводно, Риера не бил многу заинтересиран за клупата на Звезда, но по разговорите со раководството на српскиот клуб прифатил да ги води црвено-црните.
Дали и кога тој ќе седне на клупата се очекува официјално да се знае наскоро.