Синер рутински до полуфинале во Париз, сигурно чекори кон првото место на АТП

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз, откако вечерва во четвртфиналето го совлада Бен Шелтон.

Синер стигна до лесна победа од 2-0 во сетови (6-3, 6-3), во меч кој траеше само еден час и десет минути.

Со оваа рутинска победа, Синер обезбеди место во полуфиналето, каде што 'ќе го чека подобриот од мечот помеѓу Данил Медведев и Александер Зверев.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Феликс Оже-Алиасим и Александер Бублик, а Синер има голема шанса со освојување на турнирот повторно да го преземе првото место на АТП-листата.

Имено, доколку Италијанецот стигне до трофејот, од понеделник ќе има 11.500 бодови и ќе стане број еден во светот, бидејќи Карлос Алкараз доживеа рана елиминација во Париз и ќе остане со 11.250 бодови.

Фото: EPA