Викендов нема фудбал во ПМФЛ, изборите ѝ направија проблем на Шкендија!

Во викендот кој следи одново нема да има фудбал на терените во ПМФЛ, а причина е вториот круг од локалните избори, па поради тоа дуелите се поместени за понеделеик, вторник и среда.

Сепак, ваквото поместување не одговораше на Шкендија која в четврток на домашен терен ќе го игра натпреварот против Јагелонија во Конференциската лига. Порради тоа натпреварот кој тетовци требаше да го играат со Шкупи е одложен.

Така колото ќе биде отворено со средбата Арсими - Башкими во понедленик (13:30), наредниот ден се играат дуелите Работнички - Тиквеш и Македонија Ѓорче Петров - Струга исто така од 13:30, додека в среда се среќават Брера - Силекс (13:30) и Пелистер - Вардар (17:00).

Терминот за натпреварот на Шкупи и Шкендија дополнително ќе биде одреден.