Легенда на Атлетико распали по Јамал и Винисиус: Тоа само Меси може да си го дозволи!

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и тренер на Реал Сарагоса, Габи Фернандез го коментираше однесувањето на Винисиус и Ламин Јамал во последното „Ел Класико“:

Фернандез минатата сезона ја спаси Сарагоса од испаѓање во понизок ранг, но неодамна доби отказ поради лошиот почеток на сезоната.

Според Фернандез однесувањето кое го имале Јамал и Винисиус не смееле да си го дозволат, затоа што никој освен Меси за него не смее да мисли дека над тимот.

„Однесувањето на Винисиус беше неприфатливо не можете така да беснеете, а потоа само да изјавите дека се извиннувате и се да заврши. За Јамал не знам дали има нешто посебно, но повеќе напредува надвор од тереот отколку на него. Тој е фантастичен фудбалер, но тоа што го прави не му помага. Има одговорност и некој треба да му помогне.

„Никој не може да помисли дека е над тимот. Секој играч кој ќе почувствува такво нешто има проблем...Освен ако не сте Меси, тој сам добиваше натпревари“, порача Фернандез.

Ќе потсетиме, Реал Мадрид со головите на Белингем и Мбапе славеше во „Ел Класико“ со 2-1.

Фото: EPA