Алонсо избрал ново засилување - Босанец со четири месеци професионален фудбал!

Според последните информации од Шпанија, Реал Мадрид покажал интерес во своите редови да го доведе босанскиот фудбалер, Керим Алајбеговиќ кој има 18 години и го носи дресот на Салзбург.

Станува збор за фудбалер кој зад себе има само четири месеци во професионалниот, сениорски фудбал. Изминатото лето тој од јуниорите на Баер Леверкузен за сума од два милиони евра премина во Салзбург и уште веднаш воодушеви со своите настапи.

На 11 натпревари во австриската Бундеслига зад своето име има четири гола и една аситенција, а редовно игра и во останатите натпреварувања. Јасно е дека Салзбург нема уште долго да го задржи бидејќи претходно „Скај Спорт“ пишуваше дека интерес за него покажале и екипите на Манчестер јунајтед, Челси и Порто.

Во текстот за Реал Мадрид се наведува дека „кралевите“ во јануарскиот преоден рок би можеле да ги направат првите чекори за негово доведување.