ЧатГПТ како тренер - го искористила и ја направила екипата победничка!

Од САД ни пристигнуваа една необична приказна, а во центарот на вниманието е тренерката на женскиот тим на Сител Рејн, Лора Харви која призна дека за добрите резултати на нејзината екипа во последно време заслуги има популарниот ЧатГПТ.

Харви, која го води Сиетл Рејн од 2021 година, во подкастот „Soccerish“ откри дека од од вештачката интелигенција побарала совет како да ја подобри играта на својот тим. Во полето за пребарување напишала едноставно прашање:

„Со која формација треба да се игра за да се победат тимовите во НВСЛ лигата?“

ЧатГПТ ѝ понудил детални предлози за секој противник, а за две екипи препорачал формација со пет фудбалерки во одбраната, нешто што подоцна станало темел на нејзината тактика цела сезона. Иако речиси две децении е во тренерската работа, Харви призна дека никогаш претходно не користела систем со пет во последната линија.

„Никогаш не сум го проучувала тој концепт во женскиот фудбал. Го гледав само од дистанца, најчесто на машки натпревари“, објасни таа.

Харви истакна дека таквата формација традиционално се користи за „чување резултат“ во завршниците на мечевите, а не како почетен систем.

„Секогаш се зборуваше дека тоа е начин да се заврши натпреварот, кога ќе поведеш, поставуваш пет во одбрана и го задржуваш резултатот“, додаде Американката.

Сепак, Харви нагласи дека не го прифатила „слепо“ предлогот, туку го искористила како идеја која нејзиниот стручен штаб ја анализирал и приспособил на карактеристиките на тимот.

„Го истраживме системот, детално го разгледавме и заклучивме дека може да функционира. Почнавме да играме така и резултатите дојдоа веднаш. Победивме на првите неколку натпревари“, изјавила Харви со насмевка.

Во овој момент нејзината екипа по 25 кола се наоѓа на четвртата позиција на табелата.

Фото: Seattle Reign FC