Мбапе ја прими најважната награда во неговата кариера: Ова е голем момент за мене

Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе денеска ја прими „Златната копачка“, награда која се доделува на најдобриот стрелец во Европа.

На настанот во Мадрид, Мбапе ја доби наградата до која стигна со 31 гол во 34 одиграни натпревари во првенството во минатата сезона.

„Навистина ми е чест што ја добивам оваа награда. Ова е важен, момент бидејќи за првпат ја освојувам и како напаѓач секако дека многу ми значи“, изјави Мбапе.

Истакна дека Реал Мадрид има неверојатен тим оваа година и се надева на освојување на важни трофеи.

„Се надевам дека ќе освоивме важни трофеи оваа година. Секогаш тоа е најважната работа, освојување на колективни трофеи. Верувам дека тука ќе ги има“, истакна Французинот.

Мбапе и сезонава игра во одлична форма и зад своето име од стартот на сезоната веќе има 16 гола на 13 одиграни натпревари.