Добра вест: Манев го избегнал најцрното сценарио, но ја заврши годината
Во последниот период Манев ја добиваше довербата на тренерот Гачиновиќ, но се повреди во победата на Нови Пазар во Купот на Србија.
Македонскиот дефанзивец при доскокот ја свитка ногата и повредата изгледаше сериозно, а веднаш на теренот влезе и медицинската екипа.
За среќа прегледите по направената магнетна резонанца покажаа дека најлошото сценарио е избегнато. Манев поминал без оштетување на лигаментите и се здобил само на поситна повреда на коленото поради која ќе паузира четири до шест недели.
Сепак, и овие информации значат многу веројатно дека календарската година за Манев е завршена и неогово враќање се очекува во јануари.