Ѕвезда на Манчестер сити жртва на болна измама: За среќа децата ми се живи и здрави

Oдличниот офанзивец на Манчестер сити, Фил Фоден бил жртва на болна измама на нтернет страница каде што се пишувало скандалозни работи за неговото семејство.

Фоден станал жртва на вознемирувачки лажни објави за неговите деца во кои се пишувало дека неговиот шестгодишен син Рони починал, а ќерката Тру боледува од рак.

Во текстот на медиумите се наведува дека не станувало збор за една страница, туку повеќе анонимни Фејсбук профили кои станаа вирални.

Лажните објави за семејството на Фоден на страниците им донеле илјадници лајкови и коментари, па сето тоа стигнало и до Фоден. Во јавноста се огласи и неговата сопруга Ребека.

„Загрижени сме поради страниците кои шират вакви приказни. Станува збор за апсолутни лаги кои не вознемируваат. Не разбирам како луѓето можат да измислуваат такви работи“, изјави Фоден.