Мечот меѓу Шкупи и Пелистер доби нов термин - нема да се игра утре!

Натпреварот од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Шкупи и Пелистер е одложен поради лошата состојба на теренот во Струга.

Стадионот Чаир е суспендиран, па Шкупи своите домашни натпревари ги игра во Струга, но невозможно е тоа да го направи и утре кога требаше да го пречека Пелистер.

Причината е лошата состојба на теренот на овој стадион поради обилниот дожд кој врне деновиве.

Натпреварот е празакажан за во вторник со почеток од 13 часот.