Беласица распука по судиите и јавно праша: Му пречиме ли на некому?
Новаци со гол во финишот ја победи Беласица среде Струмица. Струмичкиот тим по мечот излезе со соопштение и фотографии од судиски грешки. Тие јавно прашуваа: „Дали Беласица му смета на некому?“.
„Дали Беласица смета некому?
Дали клубот кој е синоним во македонскиот фудбал и клуб со 103 годишна традиција заслужува некој со своите одлуки така ниско да го омаловажува???
Беласица клуб која сака и бара само исти критериуми и секогаш се борела чесно на зелениот терен...
Дали вака ги губиме и тие многу малку спонзори во нашиот фудбал кои од љубов вложуваат???
Прашања кои бараат одговор???
Ова се дел од кардиналните денешни грешки(недосуден пенал во 8 мин.и поништен гол во 60 мин.) кои главно влијаеа на конечниот резултат на натпреварот денес против екипата на Новаци...“, стои во соопштението на струмичкиот клуб.