Добри вести за Слот: Ливерпул добива големо засилување

Англискиот шампион Ливерпул во изминатиот период се соочи со резултатска криза, па секое засилување е добредојдено за тренерот Арне Слот кој се обидува да најде решение за проблемите.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека бразилскиот голман Алисон е подготвен за враќање на терените и се очекува да го преземе местото на Георги Мамардашвили меѓу стативите.

Ливерпул во моментов е на осмата позиција во Премиер лигата со 18 освоени бодови, односно шест помалку од првопласираниот Арсенал.