Слот емотивен: Жота многу ни недостига, беше одличен човек и фудбалер!
Слот кажа дека Жота многу им недостига на сите во англискиот шампион затоа што бил добар човек и одличен фудбалер кој имал големо влијание.
„Жота ни недостига многу на теренот. Но, ни недостига и како личност, како пријател. Жота беше добар човек и одличен фудбалер. Трагедијата имаше големо влијание врз фудбалерите, им недостига на сите во клубот“, кажа Слот.
Фото: EPA