Скандал во Втората лига: Редар на Шкендија нападна фудбалер на Брегалница (ВИДЕО)

Дербито меѓу Шкендија Арачиново и Брегалница го одбележа скандал по завршување на првото полувреме, кога еден од редарите нападна фудбалер на тимот од Штип.

Еден од редарите физички нападна фудбалер на Брегалница, односно му удри клоца, по што интервенираа останатите за да спречат поголем хаос на теренот.

Шкендија Арачиново во моментов е лидер во Втората лига со 32 бодови, додека Брегалница е на втората позиција со 27 поени.