Најголемата ѕвезда на Челси поради бизарна повреда ќе пропушти две дербија!
Палмер се повредил во неговиот дом, односно си скршил прст на ногата, а поради тоа нема да настапи против Барнли, Барселона и Арсенал.
Враќањето на англискиот репрезентативец се очекува во декември, доколку во меѓувреме не се случи уште некој проблем.
Палмер нема најдобар почеток на сезоната затоа што се соочи со неколку повреди кои го натераа да биде долго надвор од терените.