„Македонецот“ Мекејлеб: Обрадовиќ е тренериште, ама повеќе го ценам Вујошевиќ!

Поранешниот македонски репрезентативец, Лестер Бо Мејклеб, кој е еден од најдобрите странци во историјата на Партизан, во интервју за српските медиуми открива како гледа на својата веќе мината играчка кариера, на тренерите со кои соработувал, но и на актуелниот тим на Партизан.

Тој направи споредба меѓу две тренерски легенди – Жељко Обрадовиќ и Душко Вујошевиќ.

„Имам огромно почитување за Обрадовиќ, тој е еден од најдобрите тренери во Европа и навистина посветена личност. Кога работите со него, тој ќе ве притиска да го дадете максимумот и тоа е нешто што денес многумина играчи не го сфаќаат. Но тој само сака да извади најдоброто од вас“, изјави Мејклеб, нагласувајќи дека го цени професионализмот и човечноста на легендарниот српски стратег.

Сепак, неговата посебна наклонетост останува кон Вујошевиќ.

„Вујошевиќ е мојот омилен тренер во Европа. Тој навистина ме разбираше, ми дозволуваше да бидам свој и да играм на свој начин. Тоа ми помогна да се покажам и да постигнеме големи успеси, вклучувајќи финалето на Евролигата со Партизан. По него, многу тренери почнаа да ми ја ограничуваат слободата што ја имав со Вујошевиќ и тоа беше дел од причините што на крајот одлучив да се повлечам“, открива Мејклеб.

Американецот исто така зборуваше за сегашните планови.

„Сега тренирам во основно училиште и се обидувам да се посветам на тренерскиот пат. Ги следам сите натпревари на Партизан и тоа ќе го правам додека сум жив“, дополнува македонскиот херој од ЕП 2011.

Мејклеб ја нагласува и својата љубов кон црно-белиот тим.

„Навистина ги сакам навивачите на Партизан. И понатаму ја следам секоја игра на тимот и тоа е дел од мојот живот“, заврши плејмејкерот.