Еве огромна шанса за Македонија: Мундијалот во 2030 ќе се игра со – 64 селекции!?

Додека проширувањето на Светското првенство (СП) в година во САД, Канада и Мексико се уште продолжува да предизвикува реакции, а од Јужна Америка пристигнува уште поамбициозен предлог - Мундијалот во 2030 година да се одигра со 64 национални тимови.

Најгласен поддржувач на оваа концепција е потпретседателот на ФИФА и претседател на КОНМЕБОЛ, Алехандро Домингез, кој смета дека јубилејното издание, со кое ќе се одбележат 100 години од првото Светско првенство во Уругвај, заслужува специјален формат. Дополнителен аргумент е и тоа што турнирот ќе биде коорганизиран од шест држави на три континенти – Шпанија, Португалија, Мароко, Уругвај, Аргентина и Парагвај.

Домингез објасни дека токму јубилејот е шансата да се приреди исклучително издание на шампионатот. Според него, зголемувањето на бројот на учесници би претставувало историски момент кој ќе го обедини фудбалскиот свет и ќе понуди нешто невидено досега. И покрај тоа, идејата засега не наидува на поддршка ниту во ФИФА ниту во другите континентални федерации. Според замислата на Домингез, враќањето на сегашниот формат со 48 репрезентации би следело веќе во 2034 година.

Доколку предлогот воопшто добие формална рамка, конечната одлука ќе ја донесе Советот на ФИФА, кој брои 37 членови.