Барселона се враќа на „Камп Ноу“, а навивачите подготвуваат пекол за една од ѕвездите!
Навивачите се среќни што се враќаат на „Камп Ноу“, меѓутоа подготвуваат пекол за една од шпанските фудбалери ѕвезди, а тоа е Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, кој минатото лето ја одби Барселона.
Барселона долго време се трудеше да го добие потписот на талентираниот шпански фудбалер, а кога сите очекуваа да се пресели во Каталонија, тој потпиша договор со актуелниот клуб.
Навивачите на Барселона сметаат дека Вилијамс покажал непочит кон каталонската екипа затоа што долго време преговарал и на крајот ја одбил понудата.