Голема победа во дербито за штипјани: Брегалница ја урна Шкендија Арачиново!

Фудбалерите на Брегалница триумфираа во дербито против Шкендија Арачиново на гостински терен со 2-1 во 13. коло од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), а дуелот во Сингелиќ го одбележа и инцидент кога еден од редарите нападна гостински фудбалер.

Шкендија постигна гол за водство против Брегалница во шестата минута кога Трпев со глава ја затресе мрежата на гостите.

Брегалница успеа да израмни во 45. минута кога Тарчески испрати центар-шут во казнениот простор на Шкендија Арачиново, а топката на крајот заврши во мрежата (1-1).

На полувремето се случи инцидент кога редар на Шкендија Арачиново нападна фудбалер на Брегалница, по што доцнеше почетокот на второто полувреме.

Екипата од Штип успеа да стигне до целосен пресврт во 65. минута откако го удар со глава реализираше преку Демири за 2-1.

Резултати - Втора лига - 13. коло:

Беласица – Новаци 0-1
Детонит Плачковица – Преспа 1-1
Скопје – Тетекс 2-1
Осоговор – Вардар Неготино 5-1
Победа – Кожуф 0-1
Слога Виница – Каменица Саса 2-6

Standings provided by Sofascore