Спектакуларен гол на Гаштаров, коментаторот на Ц. Звезда полуде! (ВИДЕО)

Македонскиот младински репрезентативец постигна фантастичен гол за младинците на Црвена звезда во победата над Ушче од 6-0.

19-годишниот Гаштаров погоди од далечина во 18. минута, коментарот на ТВ каналот на Звезвда видно се возбуди од погодокот на Македонецот.

Гаштаров е репрезентативец на Македонија У21, а од 2024 е член на Црвена звезда. Настапува за младинскиот тим на црвено-белите.