Мектоминеј е цар во Наполи, но сака да се врати во Премиерлигата!
Летото 2024 година Мектоминеј направи трансфер од Манчестер Јунајтед во Наполи вреден 25 милиони евра.
Првата сезона за него беше како од соништата, со Наполи стана шампион и беше прогласен за играч на сезоната во Серија А.
Откако отиде во Италија, премиерлигашите видоа за каков играч се работи, па сега се поврзува со гиганти од Англија.
Се зборува за шокантен камбек во Манчестер Јунајтед, но интерес има и од Арсенал. Дури и Евертон и Тотнем ја следат ситуацијата.
Сепак, Наполи нема лесно да се откаже од Мектоминеј, тие поставија цена за него од 70 милиони евра, што е речиси трипати повеќе од сумата за која го купија.
Наводно и самиот Мектоминеј сака да се врати во Англија.