Повторно проблеми за Челси - без Палмер против Барселона и Арсенал
Англискиот репрезентативец е надвор од теренот од септември поради повреда на препоните и се очекуваше да се врати по паузата за репрезентативни натпревари, но неговото враќање повторно е одложено. Палмер ќе ги пропушти натпреварите против Барнли, Барселона и Арсенал.
„За жал, тој имаше несреќа дома каде што го удри прстот на ногата. Не е ништо сериозно, но нема да се врати следната недела. Не знаеме колку долго ќе биде надвор. Неговиот прст е скршен. Се што знам е дека нема да биде достапен оваа и следната недела“, изјави менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, на денешната прес-конференција.
Палмер одигра само три натпревари оваа сезона поради повредата.
„Тимот претпочита Кол да игра. Се чувствувам многу подобро кога е на теренот. Кога го нема, мора да најдеме решенија“, додаде Мареска пред утрешното гостување кај Барнли.