Мбапе призна: Далеку сум јас од Кристијано Роналдо – нема споредба!
По доделувањето на наградата, Мбапе беше запрашан дали може да се спореди со Кристијано Роналдо, легендарниот стрелец кој го носеше дресот на Реал и стана најдобар голгетер во историјата на клубот.
„Не знам што да кажам на тоа прашање. Сите знаат дека Роналдо е пример во Реал Мадрид, број еден. Јас сум тука една година, тој беше девет. Не можам да се споредувам со него и со неговите достигнувања, а и не сакам. Мојот пат е различен и јас сакам да го следам мојот пат. Тоа што ме споменуваат во една реченица со Роналдо, за мене е гордост. Размислувам само да го следам мојот пат, да му помогнам на тимот да ја освои секоја можна титула“, изјави Мбапе по свеченоста.
Мадридскиот гигант по десет кола од новата сезона се лидери на табелата во Ла Лига со 27 бодови, пет повеќе од Барселона, а една од причините за тоа е одличната игра на Мбапе, кој веќе има постигнато 11 голови во сите натпреварувања.