Суперкомпјутерот вели: Англија доминантно добива нов шампион, луда борба ќе гледаме за Европа! (ФОТО)

Популарниот сајт за статистика и бројки „Опта“ потпирајќи се на својот суперкомпјутер направи пресметка за исходот на сезоната во Премиер лигата и според тие пресметки нов шампион ќе биде Арсенал.

Арсенал од почетокот на сезоната изгледа најсигурно, а според „Опта“ избраниците на Артета ќе издоминираат до крајот и титулата ќе ја освојат со дури 11 бода предност. Зад нив се Манчестер сити и Ливерпул со по 69 бода. Челси и Астон вила се четврти и пети со 60.

Интересно е што вистинска гужва би било од четвртата позиција до 10-тата каде што е Манчестер јунајтед со само три бода помалку. Исто толку има и Кристал палас.

Кога се последните места на табелата во прашање, тука се Нотингем форест, Вест хем и Вулвс.

Фото: Premier League/FB