Падна отказ во Серија А: Легендарниот Виера остана без клуб!

Oд редовите на Џенова информираа дека легендарниот Патрик Виера добил отказ по лошиот старт на сезоната.

По првите девет натпревари Џенова е последна и без победа со само три нерешени натпревари.

Виера ја презема Џенова во ноември 2024 година, а неговот мандат се завршува по серијата од пет натпревар без победа во сите натпреварувања.

Сезонава Џенова се уште не остварила ниту една победа во првенството, додека отказот доаѓа по неуспехот против Кемонезе пред домашната публика.

Натпреварот од 10. коло Џенова го игра в понеделник од 18:30 часот на гости кај Сасуоло.