Чудесниот Јокиќ не запира, игра во МВП форма - израмни и нов рекорд! (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар, Никола Јокиќ има фантастичен почеток на сезоната во НБА лигата и ако продолжи со вакво темпо сигурно и оваа сезона ќе биде еден од главните кандидати за МВП признанието.

Денвер на свој терен славеше убедлива победа над Њу Олренас со 122-88, а Јокиќ во својот четврти натпревар од почетокот на сезоната го запиша и својот четврти трипл-дабл.

На теренот Јокиќ поминаа 28 минути и во тој период оствари учинок од 21 поен, 12 скока и 10 асистенции.

Со ваквиоот старт на сезонат,а Јокиќ се израмни со Осар Робертсон кој четири трипл-дабл во првите четири натпревари имаше во сезоната 1961/62 и Расел Вестбрук кој тоа го направи во сезоната 2020/2021.

Така Јокиќ сега ќе има прилика да остане сам на врвот, ако и во наредниот натпревар кој се игра ноќта помеѓу петок и сабота против Портланд упсее да дојде до трипл-дабл.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Бостон - Кливлен 125-105

Детроит - Орлтандо 135-116

Бруклин - Атланта 112-117

Чикаго - Сакраменто 126-113

Далас - Индијана 107-105

Денвер - Њу Орлеанс 122-88

Јута - Портланд 134-136

Минесота - Лејкес 115-116

Феникс - Мемфис 113-114

Фото: Denver Nuggets