Робињо за животот во затвор: Немам посебен третман (ВИДЕО)
Робињо во кариерата играше за Реал Мадрид, Манчестер сити, Милан, но потоа сè уништи откако беше обвинет за силување со уште неколку луѓе во 2022 година.
Неодамна беше одбиена и неговата нова жалба, па ќе остане зад решетки да ја отслужи казната која ја доби поради силувањето.
„Имавме кратка врска. Се бакнавме, а потоа заминав дома. Таму имаше и други луѓе. Кога видов дека сака да продолжи со други момци, си заминав дома. Никогаш не го демантирав тоа. Во затвор немам посебен третман. Храната, спиењето и сè останато е исто како и на другите затвореници“, открива поранешниот фудбалер.
Фото: EPA