Работнички против Арсими бара крај на црната серија, Македонија ЃП го пречекува разиграниот Башкими

Денеска на програмата во Првата македонска фудбалска лига се два натпревари од 11. коло. Работнички ќе се обиде против Арсими да стави крај на црната серија во домашниот шампионат, додека Македонија ЃП ќе го пречека разиграниот Башкими.

Екипата од Дебар Маало е претпоследна на табелата со само шест освоени бодови, односно една победа во шампионатот, додека Арсими на последните три меча во Првата лига запиша дури две победи и скокна дури до осмата позиција.

„Арсими покажа дека одлично се снаоѓа во елитното друштво, впрочем веќе освои 11 бода и забележа неколку резултати за почит. Од друга страна, ние сѐ уште резултатски се мачиме и мислам дека засега игрите се подобри од резултатите. Се надевам дека на денешниот меч против Арсими конечно ќе одиграме квалитетно на гостувањата и дека ќе успееме да ги освоиме бодовите“, кажа Калани Алмеида од Работнички.

Башкими тргна одлично во Првата лига оваа сезона и веќе по 10 одиграни кола се наоѓа на петтата позиција со 18 бодови и сака да продолжи во ист ритам на гостувањето кај Македонија ЃП, која се разбуди по лошиот старт и на последните пет меча во лигата освои 10 поени од максимални 15.

„Се враќаме на терен по трите бода против Шкупи, а екипата е супер мотивирана за следната победа. Минатата година со екипата на Македонија Ѓорче Петров  до крај се боревме за висок пласман во Втората лига, така што многу добро ги знаеме. Сигурен дека Башкими нема да се врати со празни раце од овој натпревар. Имаме мотив и многу позитивна енергија да ги израдуваме нашите навивачи“, вели Мухарем Мислими.

Двата натпревари од Првата лига се играат од 13.30 часот.