Струмичанец ќе го наследи Пикси, но не веднаш

Поранешниот репрезентативец на Србија и Црна Гора, Вељко Пауновиќ ќе биде нов селектор на Србија, тврдат медиумите кај нашиот северен сосед.

Според нив, менаџментот на Фудбалскиот сојуз на Србија успеал да го убеди екс-тренерот на Овиедо да ја преземе репрезентацијата иако неодамна имаше информации дека тој не би сакал под актуелното водство да го води националниот тим. Освен тоа, имаше понуда од мексиканскиот тим Пумас со чие раководство, очигледно не се договорил. Пауновиќ нема веднаш да ја преземе репрезентацијата, туку од 2026 година, а квалификациите за Светското првенство ќе ги заврши селекторот на младинската селекција Зоран Мирковиќ коој го водеше тимот против Андора.

Идниот селектор, кој е роден во Струмица, добро ги познава повеќето играчи во актуелната српска репрезентација каде на сцена се уште се фудбалерите со стана светски младински првак пред една деценија. Ова би значело и дека имиња како Мијат Гаќиновиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Марко Грујиќ итн. би можеле да се вратат во репрезентацијата како редовни членови имајќи предвид дека тие не сакаа да играат под водство на Драган Стојковиќ.

По отказот што го доби Пикси, се лицитираше и со други имиња како негови можни наследници, пред се Дејан Станковиќ, Владан Милојевиќ и Марко Николиќ, но на крајот довербата, очигледно, ја добил Пауновиќ.