Спалети го прифатил клучниот услов, нема повеќе пречки за да го преземе Јувентус
Раководството на торинскиот клуб инсистираше тој да потпише краткорочен договор, до крајот на оваа сезона, а за евентуално продолжување на соработката да се преговара потоа. Всушност, Јувентус понуди договорот автоматски да биде продолжен ако Спалети успее да ја однесе екипата во Лигата на шампионите, а тој го прифатил овој предизвик.
Во случај 66-годишниот стручњак да одбиел, Јувентус имал план-Б, поранешниот тренер на Монца и Фиорентина, Рафаеле Паладино кој од 2004 до 2008 година беше играч на торинскиот гигант.