Ѓоковиќ отиде на евролигашки натпревар и беше жестоко исвиркан (ВИДЕО)

Некогашниот прв светски рекет Новак Ѓоковиќ одлучи вчера повторно да присуствува на натпревар од Евролигата, но не во Белград, туку во Атина каде живее со своето семејство последните месеци.

Србинот го проследи во живо натпреварот меѓу Панатинаикос и Макаби кој му припадна на грчкиот тим, но неговото присуство не беше со задоволство примено од домашните навивачи.

Во еден момент, Ѓоковиќ беше прикажан на големиот екран во арената ОАКА, а фановите на Панатинаикос жестоко го исвиркаа. Од тенисерот немаше никаква реакција, но можеби ова е порака дека не е добредојден на натпреварите на ПАО.