Во Барса се загрижени од однесувањето на Јамал - може да тргне на погрешен пат!
„Ел Национал“ пишува дека неколку фудбалери од Барселона изразиле загриженост за однесувањето на Ламин Јамал стартувајќи дека тоа може да го однесе на погрешен пат.
Јамал пред дербито Класикото изјави дека Реал Мадрид краде и се жали, тоа го навлече гневот во противничкиот табор и ја зголеми мотивираноста кај противникот кој на крајот се радуваше на победа.
По мечот се случи и инцидент токму поради изјавата на Јамал пред мечот кога неколку играчи на Реал Мадрид му се пуштија и влегоа во вербален дуел со него.
Рафиња јавно го искритикува Јамал, а стигна информација и дека од клубот му забраниле да дава интервјуа извесен период.
Јамал оваа сезона не е во посакуваната форма, двапати беше и повреден, влезе во скандали со животот надвор од фудбалот, особено контроверзна беше неговата роденденска прослава. И однесувањето на неговиот татко често е во центарот на вниманието. Сето тоа создава загриженост во таборот на Барселона.